Unofficial translation by Google:
Колку пати е видена оваа страна:
Вкупно: 792  |   Денес: 1

Share

Моментално на страната:
Online: 1 корисник

Пријатели

 

5 Години Јубилеј на Ј.П. ''Билјанини Извори'' - Охрид

Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 18 Jul 2013
Вести >>

 Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ денес слави јубилејни 5 години од формалното правно започнување со работа на претпријатието.

 

Како претпријатие од јавен интерес во текот на изминатите пет години остваривме соработка со голем број спортски екипи и федерации, музички продукции, бевме домаќини на европски и светски спортски настани и музички концерти.

Благодарност до Локалната самоуправа која е постојан поддржувач на сите наши проекти и активности, како и благодарност до сите наши пријатели, помагатели и спонозори кои беа дел од секојдневните активности на претпријатието.

 

Секојдневно работиме на подигнување на професионализмот и услугите во интерес на клиентите кои ја дадоа довербата на нашето претпријатие како и идните клиенти кои ќе ги користат нашите услуги.

Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ денешниот ден го одбележува со ова соопштение до јавноста, притоа им се извинува на сите наши помагатели што не сме во можност да го одбележиме овој ден на поинаков начин и им ветуваме дека наредниот јубилеј ќе го прославиме на посоодветен начин.

 

Со почит,

Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ - Охрид

Последна промена: 18 Jul 2013 во 10:24 AM

Назад
 

Март 2017
ПВСЧПСН
  1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31