Акција за поставување на нов бусен |
| Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 21 Sep 2010 |
Започна акцијата за замена на стар со нов бусен. Јавното Претпријатие во наредниот период на местата каде што има потреба за поставување на нов бусен ќе изврши замена така што во голем дел ќе се санира фудбалското игралиште. Акцијата се подготвуваше неколку денови при што беше обновен машинскиот дел за ваѓање на бусен. Јавното претпријатие им се извинува на фудбалските екипи за направената пауза во однос на користење на главниот терен но сме убедени дека акцијата ќе биде поздравена од нивна страна затоа што е од заеднички интерес т.е. ќе се добие подобар фудбалски терен.
Последна промена: 21 Sep 2010 во 10:02 AM
Назад
