Избрани најдобрите на турнирот Охрид 2010 |
| Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 01 Apr 2010 |
Покрај наградите за најдобрите екипи,доделени беа и индивидуалните награди на фудбалскиот турнир Охрид 2010. За посебни заслуги за развој на македонскиот женски фудбал доби проф. Катерина Стојаноска, единствената девојка тренер на турнирот.




За фер плеј екипа беше прогласена екипата на Златен Паркет


За најдобар голман избран беше голманот на Спарадајз, Карамачоски.


Најдобар стрелец на турнирот со 12 постигнати гола е Артим Шаќири.


Најдобар играч на турнирот е прогласен Мишко Ѓорѓиески од екипата на Вис Пој.
Последна промена: 01 Apr 2010 во 12:18 PM
Назад
