Unofficial translation by Google:
Колку пати е видена оваа страна:
Вкупно: 1028  |   Денес: 1

Share

Моментално на страната:
Online: 1 корисник

Пријатели

 

Ј.П. ''Билјанини Извори'' го превзеде стопанисувањето со Градскиот базен

Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 17 Jun 2013
Вести >>

Денес на Градскиот базен Атина Бојаџи во склоп на Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ – Охрид, се одржа прес конференција на која се обратија в.д. Директорот на Ј.П.’’ Билјанини Извори’’ Иванчо Цветкоски, Претседателот на пливачката школа ‘’Охридски Бранови’’ Кочо Паскали и Господинот Владо Рувинов сега веќе поранешен закупец на базенот.

Владо Рувинов изјави дека во име на спортот во Охрид и во интерес на младите се откажува од Договорот за закуп на градскиот базен и истиот го враќа на Јавното Претпријатие ‘’Бијанини Извори ‘’ со надеж дека овој пример ќе го следат и другите концесионери.

Со повторното стопанисување со Градскиот базен, в.д. Директорот Цветкоски најави нови содржини и активности во текот на летниот период. Тој истакна дека Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ ќе вложи напори базенот да го добие ликот кој го заслужува, се со цел да се анимираат што повеќе граѓани да дојдат да го посетат базенот а со тоа да се развие и спортот во Охрид.

Последна промена: 17 Jun 2013 во 12:47 PM

Назад
 

Март 2017
ПВСЧПСН
  1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31