Unofficial translation by Google:
Колку пати е видена оваа страна:
Вкупно: 864  |   Денес: 1

Share

Моментално на страната:
Online: 1 корисник

Пријатели

 

Ј.П. „Билјанини Извори“ потпиша меморандум за соработка со здруженијата со попреченост

Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 19 Jul 2013
Вести >>

 

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ со здружениејата од Охрид за лица со попречност потпиша меморандум за соработка, кој ќе можат да ги користат сите добра и услуги кои ги нуди спортско рекреативниот центар.
Со потпишувањето на меморандумот за соработка Јавното Претпријатие „Билјанини Извори“ и здруженијата со посебни потреби им ги отвараме вратите на сите услуги кои ние ги нудиме. Ние ќе им помогниме на здруженијата во организација на сите спортски и културни манифестации без разлика дали ќе се случуваат на С.Р.Ц. „Билјанини Извори“ - рече в.д. директорот, Иван Цветкоски.

По потпишувањето на договорот преставниците на здружениејата со попреченост не го криеа задоволството за решавањето на проблемот, со кој се соочувале долги години.

 Голема благодарност до директорот на спортскиот центар „Билјанини Извори“ и на локалната самоуправа што се сетија на лицата со попреченост и договоривме меморандум за соработка која се надевам дека ќе трае долго време. Имаме многу идеи кои сигурна сум дека ќе се реализираа и сите ќе придобиеме од оваа соработка - потенцираше Славица Стефаноски од здружението Глуви и наглуви.
 
Можам слободно да кажам дека оваа иницијатива за соработка со лицата со попреченост е пиоенерски чекор во нашата земја. Овој потег е за поздравување бидејќи сега се изедначуваме со сите граѓани во Македонија и можеме да ги користиме и уживаме сите тие работи кои ќе не исполнат - потенцираше Снежана Танеска од здружението Мобилност.
Ја поздравуваме иницијативата и меморандумот и ние инвалидите на трудот како најбројно здружение ќе имаме можност да ги користиме и соработуваме со Ј.П. „Билајнини Извори“ - Благоја Крстаноски посочи.

Ј.П. „Билјанини Извори“ покрај спортските манифестации со поддршка од здруженијата ќе организираат културни настани, а изненадување за лицата со попреченост ќе биде промотивното возење низ градот со двокатниот автобус.
 
 
 
 

Последна промена: 19 Jul 2013 во 3:53 PM

Назад
 

Ноември 2017
ПВСЧПСН
  1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30