Unofficial translation by Google:
Колку пати е видена оваа страна:
Вкупно: 812  |   Денес: 1

Share

Моментално на страната:
Online: 1 корисник

Пријатели

 

Меѓународен Кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013„

Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 17 Sep 2013
Вести >>

 

 
 

 
Ј.П. „Билјанини Извори„ – Охрид со цел промоција, подршка и започнување на нова тенденција во Охрид, на 20 и 21 септември (петок и сабота) организира Меѓународен Кошркарски турнир „ ОХРИД ТРОФЕЈ 2013„.

Натпреварите ќе се одигруваат во петок со почеток во 18,00 и 20,30 часот и сабота и тоа во 18,00 часот натпревар за 3-то место и финале во 20,30 часот.

На турнирот ќе учествуваат реномирани екипи кои се неколкукратни освојувачи на двојните круни во своите држави, две од екипите се учесници на AБA регионалната лига и една во Еуролига: КК.МЗТ – Скопје (Р.Македонија), КК.Лукоил Академик- Софија (Р.Бугарија), КК.Металац – Ваљево (Р.Србија), КК.Раднички – Крагујевац (Р.Србија).

Генерален покровител на настанот е Локалната самоуправа, а останати спонзори се: Црвен Крст – Охрид, Кошаркарска федерација на Македонија, Светлосни реклами ПАП, Агенција за обезбедување Питон и One.
Медиумски покровители на Кошаркарскиот трофеј се: Македонска Телевизија, Радио Охрид, порталите ohridnews, ohridtimes I webohrid и Backstage.

Ј.П. „Билјанини Извори„ – Охрид ги поканува сите љубители на спортот да присуствуваат на настанот.

 

 

Последна промена: 17 Sep 2013 во 7:47 AM

Назад
 

Април 2017
ПВСЧПСН
     1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30