Unofficial translation by Google:
Колку пати е видена оваа страна:
Вкупно: 973  |   Денес: 1

Share

Моментално на страната:
Online: 1 корисник

Пријатели

 

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Ј.П. Билјанини Извори и ЈОУДГ Јасна Ристеска

Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 07 Jun 2013
Вести >>

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ и детската градинка „Јасна Ристеска“ денеска потпишаа меморандум за соработка, со цел негување на физичката кондиција и развивање на социјалните интеракциски вештини кај децата.

Според договорот, кој  го потпишаа в.д директорите на двете установи Иванчо Цветкоски и Роза Костеска, дечињата ќе имаат можност на почетокот да се запознаат со реквизитите во Спортскиот центар и надвор од него, потоа запознавање со индивидуалните и колективните спортови, како и за користење на летниот базен.

Првпат од постоењето на градинката, како што истакна в.д директорката Костеска, се склучува меморандум што е од големо значење за правилниот раст и развој на децата, поткрепено со професионални тренери и учители.

Цветкоски изрази надеж дека најмладите охриѓани ќе бидат постојана публика на натпреварите за што треба поддршка и од родителите. За секој спортски настан, каде „Билјанини извори“ ќе биде дел од организацијата, Цветкоски подвлече дека вратата за децата ќе биде отворена.

 

 

Последна промена: 07 Jun 2013 во 7:05 PM

Назад
 

Ноември 2017
ПВСЧПСН
  1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30