Unofficial translation by Google:
Колку пати е видена оваа страна:
Вкупно: 831  |   Денес: 1

Share

Моментално на страната:
Online: 2 корисници

Пријатели

 

Прес конференција на новоименуваниот В.Д. Директор Иванчо Цветкоски на тема ''Актуелните состојби во Ј.П. Билјанини Извори - Охрид''

Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 20 May 2013
Вести >>

 

Денес, 20.05.2013 година со почеток во 12:00 часот новоименуваниот директор на Ј.П. Билјанини Извори - Охрид одржа прес конференција на тема ''Актуелните состојби во Ј.П. Билјанини Извори''- Охрид.

Цветковски потенцира дека после промената на местото директор и раководниот тим на Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ -Охрид се пристапи кон еднонеделна ревизија на финансиското работење на препријатието се со цел да се утврди фактичката состојба на претпријатието како би можеле што побрзо да се насочиме кон решавање на големите наталожени проблеми. За жал сликата не е ни малку позитивна, што ќе видите и од презентираните финансиски показатели :

 

-          Данок                                                      790.000,00 денари

-          Четири неисплатени Плата          4 820.000,00 денари

-          Управен и надзорен одбор           1 400.000,00 денари

-          Струја                                                   6 423.878,00 денари

-          Доверители                                            758.981,00 денари

 Вкупно:                                             14 192 859,00 денари

 

Во наредниот период ќе пристапиме кон сериозна анализа која би довела до изготвување на акциски план за санација на препријатието. Ова препријатие е столб на спортот и развојот на спортот во Охрид и поради тоа треба максимално да се ангажираме и да не дозволиме уште еднаш да дојдеме до ова ситуација. Од минатата недела заедно со Локалната самоуправа секојдневно работиме кон изнајдување на решенија кои трајно ќе ја осигураат иднината на препријатието. За тоа е потребна сериозна реорганизација, посветеност на вработените и секако подобрување на инфраструктуратa, истакна Цветкоски.

Последна промена: 20 May 2013 во 1:58 PM

Назад
 

Септември 2017
ПВСЧПСН
    1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30