Unofficial translation by Google:
Колку пати е видена оваа страна:
Вкупно: 975  |   Денес: 1

Share

Моментално на страната:
Online: 3 корисници

Пријатели

 

Прес конференција по повод одржувањето на „Охрид Трофеј 2013„

Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 19 Sep 2013
Вести >>
Денес во Спортската сала „Билјанини Извори„ се одржа прес конференција по повод Меѓународниот Кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013„ кој е во организација на Ј.П.„Билјанини Извори„ а под покровителство на Локалната самоуправа.

На прес конференцијата се обратија претставници на КК.МЗТ – Скопје (Р.Македонија) и претставници на КК.Лукоил Академик – Софија (Р.Бугарија). 

Сектретарот на Локалната самоуправа Димитар Спасески истакна дека на турнирот ќе учествуваат најеминентните екипи од Балканот и од име на Градот ги покани сите љубители на спортот да го посетат настанот.

В.д. Директорот на Ј.П. „Билјанини Извори„ истакна дека турнирот е продолжување на традицијата на Охрид која ја имаше до пред 3 децении, исто така додаде дека викендов го Охрид ќе се гледа врвна кошарка и дека овој настан е со тенденција да стане традиција.

Натпреварите започнуваат утре со почеток во 18,00 часот и 20,30 часот, а во сабота љубителите на спортот ќе ги проследат финалните натпревари во истите термини.

 

Последна промена: 19 Sep 2013 во 4:44 PM

Назад
 

Септември 2017
ПВСЧПСН
    1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30