Unofficial translation by Google:
Колку пати е видена оваа страна:
Вкупно: 521  |   Денес: 3

Share

Моментално на страната:
Online: 7 корисници

Пријатели

 

Се продлабочува соработката помеѓу ЈП Билјанини Извори и Холандскиот олимписки комитет

Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 18 Jan 2011
Вести >>

На 13 јануари во посета на ЈП Билјанини Извори беа преставниците на Холандскиот Олимписки Комитет и Холандската Амбасада во Македонија кои сакаа на лице место да се запознаат со спортската инфраструктурата во Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори. На средбата на Холандските преставницина со директорот на ЈП Билјанини Извори Гордана Јованоска беа разменети многу искуства и размислувања за подобрување на спортската инфраструктура како и за самото раководење со нив. При тоа беа презентирани нашите планови и визија за развој на спортскиот центар за што очекуваме конкретна помош и подршка од Холандскиот олимписки комитет.

Од наша страна беа посочени проектите во кои би можеле да соработуваме и за кои сме спремни заеднички да ги реализираме. Еден таков проект е и изградба на помошно игралиште со вештачка трева кое Охрид долги години го чека и за кое ние преку Локалната самоуправа од овогодинешниот буџет обезбедивме средства кои ќе се искористат за изградба на дренажен систем, по што ќе се стекнат условите и за поставување на првата вештачка трева во Охрид. Извештајот за посетата на Охрид со оптимизам го очекуваме и се надеваме дека после нашите конкретни активности Холандскиот олимписки комитет и Холандската амбасада во Скопје ќе ни донираат вештачка трева. Со добивањето на помошно игралиште со вештачка трева ЈП Билјанини Извори ќе направи уште еден сериозен исчекор кон развој на спортската инфраструктура.

Последна промена: 18 Jan 2011 во 10:39 AM

Назад
 

Мај 2012
ПВСЧПСН
 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31