Unofficial translation by Google:
Колку пати е видена оваа страна:
Вкупно: 827  |   Денес: 2

Share

Моментално на страната:
Online: 4 корисници

Пријатели

 

Спарадајз е победник на турнирот “Охрид 2010“

Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 01 Apr 2010
Вести >>

Екипата на Спарадајз е победник на турнирот во мал фудбал Охрид 2010. Спарадајз во финалето со 5-4 на пенали го совлада минатогодишниот вицепрвак Вис Пој. Регуларниот дел од натпреварот и продолженијата завршија 1-1.
 


Ѓорѓиески по 12 минути игра погоди за водство на Вис Пој, трет натпревар во серија како напаѓачот ја погаѓа противничката мрежа.


Вис Пој го одржуваше водството се до 41 минута од мечот, кога резервистот Танасkоски погоди за изедначување. Во последните секунди од натпреварот чиста гол прилика имаше Стојаноски, но од непосредна близнина не успеа да го совлада Карамачоски.


Во продолженијата двете екипи повеќе мислеа на својот отколку на противничкиот гол па така се прејде на изведуваење на пенали.


Трагичар во пенал рулетот беше Јованоски кој го промаши голот во втората серија. Јунак повторно беше Матески кој трет пат успешно го реализираше петтиот пенал, овај пат за победа во големото финале.

Последна промена: 01 Apr 2010 во 12:13 PM

Назад
 

Февруари 2012
ПВСЧПСН
  1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29