Спортската сала спремна за почеток на кошаркарското првенство |
| Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 08 Oct 2010 |
По измените што ги направи Светската кошаркарска федерација што се однесуваат на кошаркарското игралиште, ЈП Билјанини Извори ги превзеде сите активности за да се имплементираат истите во Спортската сала. Имено корекциите кои треба да се направат се однесуваат на далечината на линијата за три поени, која сега ќе изнесува 6.75 , рекетот сега е во форма на правоаголник и третата измена се однесува исто така на рекетот каде сега има полукружна линија од 180 степени со централна точка во средината на обрачот.
Во изминатите денови активностите беа насочени кон подготвувањето на кошаркарскиот терен за исцртување на измените кои треба да се направат ( стружење на дел од рекетот , стружење на линијата за 3 поени ). Од денес до понеделник ќе се направат и споменатите измени ( исцртување ) така што Спортската сала и кошаркарското игралиште ќе бидат комплетно спремни за почеток на кошаркарското првенство
Последна промена: 08 Oct 2010 во 12:21 PM
Назад
