Unofficial translation by Google:
Колку пати е видена оваа страна:
Вкупно: 1067  |   Денес: 2

Share

Моментално на страната:
Online: 1 корисник

Пријатели

 

Средба на в.д. Директорот Иванчо Цветкоски со Директорот на Агенција за млади и спорт г-дин Александар Пујоски

Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 02 Jun 2013
Вести >>

На ден 31.05.2013 година (петок) в.д. директорот на Ј.П. Билјанини Извори - Охрид Иванчо Цветкоски оствари средба со директорот на Агенција за млади и спорт г-дин Александар Пујоски.

На средбата беше разговарано за соработка, конкретно во делот на спортската инфраструктура како и развој на спортот.

Двајцата директори обострано заклучија дека идната средба треба да биде на многу повисоко ниво со што би се овозможило развој на спортската инфраструктура од една страна и развој на спортот и спортските настани од друга страна.

На средбата беа договорени конкретни чекори преку кои СРЦ Билјанини Извор - Охрид ќе претендира да стане национален спортски центар.

Исто така директорите договорија соработка во делот на отварање на спортска академија во Охрид. Прва конкретна активност која ја договорија двајцата директори е средба со 10-те највлијателни спортски федерации во Македонија која ќе се одржи во Охрид.

 

Последна промена: 02 Jun 2013 во 7:42 PM

Назад
 

Мај 2017
ПВСЧПСН
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31