Традиционален турнир во мал фудбал "Охрид 2010" |
| Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 22 Mar 2010 |
Од 16 до 31 март, бубамарата ќе се тркала во охридската спортска арена “Билјанини Извори. ЈП „Билјанини извори“ во склоп на своите активности ќе организира турнир во мал фудбал, „Охрид 2010“. Интенцијата е турнирот кој се организира по втор пат да премине во традиционален.

- ЈП „Билјанини извори“ ќе ги обезбеди сите потребни услови турнирот да помине во одлична организција.Очекуваме турнирот годинава да ги премине локалните граници и да прерасне во национален - вели директорот, Илче Каневчев.
Извлекувањето на екипите по групи е в недела во 20 часот во спротското кафе “Офсјад“. Турнирот ќе стартува на 16-ти март, а финалето би требало да се одигра за велигденските празници.
Последна промена: 22 Mar 2010 во 11:47 AM
НазадКоментари
| Не е пронајдено ништо |
Додај коментар

