Успешна презентација на ЈП Билјанини Извори |
| Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 01 Mar 2011 |
Од 24 до 27 февруари се одржа традиционалниот Саем за туризам во Белград , на кој ние како претпријатие за прв пат учестувавме. За време на Саемот одржавме неколку презентации и состаноци како и организиравме неколку посети на спортски институции, се со цел да ги претставиме нашите услови и понуда за спортските клубови, школи и федерации. Од особено значење за нас беа посетите на неколку спортски центри при што разменивме искуство за нашето работење. Оваа успешна презентација на ЈП Билјанини Извори во иднина сме убедени дека ќе подотвори врата за посериозен развој на спортскиот туризам на Охрид.
Посебно имаме чест да ги напомениме работните средби со Аника Жирош ( пратеник ), Ивица Краљ, Драган Николиќ ( тренер на КК Раднички ), Жарко Бацковиќ ( дир,. на СЦ Пионир ), Марина Маљковиќ ( тренер на ЖКК Партизан ).
Во прилог имате фото вест од Саемот во Белград
Последна промена: 01 Mar 2011 во 2:17 PM
Назад
