Заврши бусен акцијата |
| Напишано од Иван Цветкоски (ivan) на 24 Sep 2010 |
Во неделата што помина ЈП Билјанини Извори спроведе акција за замена на стар со нов бусен на местата каде фудбалското игралиште на Градски стадион беше оштетено, Вкупно 250 м2 нов бусен се замени што претставува активност која подолго време не беше направена на фудбалското игралиште. На наше задоволство а веруваме и на задоволство на фудбалските екипи акцијата успешно заврши. И во иднина ваквите акции ќе бидат дел од нашите активности се со цела фудбалските екипи да добијат фудбалски терен на кој ќе можат да постигнуваат што подобри резултати. Во наредните две недели, време потребно за адаптирање на новиот бусен, Градскиот стадион ќе е затворен за употреба за што уште еднаш им се извинуваме на нашите фудбалски клиенти а воедно однапред им се заблагодаруваме на разбирањето.
Последна промена: 24 Sep 2010 во 1:53 PM
Назад
