Unofficial translation by Google:
Колку пати е видена оваа страна:
Вкупно: 2991  |   Денес: 7

Share

Моментално на страната:
Online: 1 корисник

Пријатели

 

Вести


Пријателски натпреварот ФК Охрид - ФК Напредок

Натпреварот помеѓу ФК Охрид и ФК Напредок кој што се игра во овој момент е потврда за добрата кондиција на главниот фудбалскиот терен. Обилните врнежи на снег и дожд дополнително ги мотивираше вработените на Градскиот стадион Билјанини Извори со своето искуство и труд да ги санираат последиците и да го оспособат фудбалскиот терен за престојните натпревари. Сегашниот натпревар е доказ за добро завршената работа.

 

»

Екипата на ФК Силекс ги започна подготовките

»

Градскиот стадион спремен за следните натпревари

И покрај обилните врнежи на снег Градскиот стадион Билјанини Извори со дополнителниот ангажман на вработените на ЈП Билјанини Извори е ставен во функција за престојните фудбалски натпревари.

»

Знежна идила на Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори

»

Започнаа подготвителните фудбалски натпревари

Со денешниот фудбалски натпревар помеѓу ФК Охрид и ФК Еуромилк започна натпреварувачкиот подготвителен период на фудбалските екипи. Во наредните денови па се до крајот на месец февруари градскиот стадион Билјанини Извори ќе биде домаќин на серија од пријателски фудбалски натпревари.

»

ФК Ренова ја отвара сезоната на фудбалски припреми

Фудбалскиот клуб на Ренова допатува на подготовки во Охрид. Градскиот Стадион Билјанини Извори спремно ја дочека првата фудбалска екипа. Екипата на Ренова своите припреми ќе ги реализира во две фази, првата кондициона а втората тактичка која ќе започне од 10 февруари.

Во текот на месец февруари на Градскиот стадион во Охрид ќе се подготвуваат уште десетина екипи од Македонија и Србија.

»

Градскиот стадион Билјанини Извори домаќин на Атлетската репрезентација на Македонија

Од 14 до 22 јануари на градскиот стадион Билјанини Извори ќе се подготвуваат репрезентативците на Македонија во атлетика.

»

Среќна нова година / Happy New year

»

Традицијата започна

Со присуство на сите претставници на спортските клубови, школи, спортски работници и медиуми започна традицијата Новогодишен коктел.

Фото вест од коктелот

» Читај повеќе

Новогодишен коктел

Во просториите на ЈП Билјанини Извори во понеделник ( 26. 12 2011 ) со почеток од 12 часот ќе се одржи коктел на кој се поканети сите спортски клубови, спортски школи, спортски работници и преставници на медиумите. Коктелот е нovа традиција која ЈП Билјанини Извори ја започнува оваа година се со цел подобрување на комуникација и соработка помеѓу нашето претпријатие и сите релевантни субјекти од спортот.

»

5 години ohridnews

ЈП Билјанини Извори им ја честита годишнината на првиот охридски електронски портал Ohridnews.  Јавното претпријатие им посакува уште многу години успешна работа, здравје и бериќет.

Среќен роденден ohridnews

»

Се одржа државно првенство во карате

На 04. 12 2012 година ( недела ) во спортската сала Билјанини Извори се одржа изборното ( за европско првенство ) државно првенство во карате. Натпреварувачите во одлични услови ги искажуваа своите карате способности.

ЈП Билјанини Извори им честита на победниците и им посакува многу успех на престојното европско првенство.

»

Репрезентацијата задоволна од условите на Билјанини

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ги завршува мини подготовките за пријателскиот натпревар со соодветната репрезентација на Албанија. ЈП Билјанини Извори и посакува успех на нашата репрезентација на претстојниот натпревар кој ќе се одржи во вторник во Прилеп.

 

»

ЈП Билјанини Извори активен подржувач на кампањата спорт Да насилство Не

На иницијатива на ЈП Билјанини Извори во просториите на јавното претпријатие минатиот петок се одржа работен состанок помеѓу СВР Охрид, РК Св. Климент Охридски и навивачката група Рибари. Мотивот за организирање на состанокот е желбата на јавното претпријатие за активно вклучување кон акцијата спорт Да насилство Не. За време на средбата се разменија различни искуства околу организирањето, навивањето и обезбедувањето на спортските ракометни натпревари.

 

»

Фудбалскиот А тим на Македонија на припреми во Охрид

Од 10 до 14 ноември ЈП Билјанини Извори ќе се домаќини на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија. Припремите на А тимот пред претстојниот натпревар со Албанија ќе се одржат на градскиот стадион Билјанини Извори.

Термини за тренинг

10.11.2011 (четврток)       15.30

11.10.2011 (петок)            10.00 i 16.00

12.10.2011 (сабота)           14.00

13.10.2011 (недела)          10.30

14.10.2011 (понеделник) 10.30 »

Македонија во полуфинале на Европското првенство во кошарка

ЈП Билјанини Извори им честита на нашите кошаркари и стручниот штаб за големиот успех пласман во полуфиналето на Европското кошаркарско првенство во Литванија. На нашиот национален тим им посакуваме многу успех во полуфиналето, а ние како подржувачи на кошарката и нејзиниот развој ветуваме дека во иднина овој успех уште повеќе ќе не мотивира да работиме во интерес на кошарката, кошаркарите и генерално на спортот.

 

»

Известување

ЈП Билјанини Извори ги известува сите граѓани на Охрид дека почнувајќи од денес, 07. 09 2011 година градскиот базен Атина Бојаџи ќе е затворен за секаков вид на употреба. Им се заблагодаруваме на сите кои ги користеле услугите на базенот и им ветуваме дека следната летна сезона градскиот базен ќе биде во употреба уште на почеток на летото збогатен со нови содржини на задоволство на сите граѓани.

Со почит

ЈП Билјанини Извори

»

Нова акција за замена на стар за нов бусен

Во периодот од 1 до 24 септември ЈП “Билјанини Извори“ ќе спроведе акција за замена на стар со нов бусен на местата каде фудбалското игралиште на Градскиот стадион беше оштетено. Во споменатиот период потребен за адаптирање на новиот бусен, градскиот стадион ќе биде затворен за употреба и фудбалските екипи нема да можат да го користат.

ЈП Билјанини Извори им благодари на разбирањето на фудбалските екипи

»

Одлични услови за припреми

На официјалниот веб сајт на општина Инџија стигна признанието од ЖРК "Железничар Метал - Цинкара" за досегашниот тек на припремите кои ги имаат во Охрид

Odlični uslovi na pripremama rukometašica

Pripreme rukometašica ŽRK "Železničar Metal-Cinkara" odvijaju se prema planu. U uprvi kluba kažu da nema povređenih igračica, sve treniraju i spremaju se za predstojeću sperligašku sezonu.

"Uslovi u Ohridu su sjajni, domaćini su srdačni i imamo idealne uslove: profesionalnu teretanu, atletske staze, kao i sjajnu sportsku halu "Biljanini izvori". Nadmorska visina i vlažnost vazduha su idealni za pripreme sportista. Smešteni smo pored samog jezera, gde je uveče hladnije, tako da je i odmor kvalitetan" - saznajemo od predsednice Kluba, Sunčice Božić.

Inđijske rukometašice u ponedeljak će odigrati pripremnu utakmicu sa Bitoljem, dok je druga provera zakazana za četvrtak sa Đevđelijom.

Inđinčanke kući kreću u petak.

»

Женскиот кошаркарски клуб Динамо од Москва на подготовки во Охрид

ЖКК Динамо Москва го одбра градот Охрид и Спортската сала Билјанини Извори за подготвителен центар пред претстојната кошаркарска сезона. Клубот ќе се припрема до 1 септември при што ќе изигра и неколку контролни натпревари со наши кошаркарски екипи.

Во овој момент покрај ЖРК Инџија и ЖКК Динамо на припреми е и екипата на РК Металург.

 

»

Екипата на ЖРК Инџија ги започна припремите

Од денес до 27 август во Спортската сала Билјанини Извори, гостите од Србија екипата на ЖРК Инџија ќе ги реализира летните припреми, при што ќе направат и неколку подготвителни натпревари со наши женски ракометни екипи.

»

Вечерва судир на гладијаторите

Во организација на невладината организација Енфузион, вечерва со почеток во 21 часот модерните гладијатори во Спортската сала Билјанини Извори за прв пат ќе се судрат меѓу себе. Се најавува спектакуларно шоу кое Охрид до сега го нема видено. Подготовките за вечерниот настан се во тек така што се очекува за брзо се да биде подготвено и спремно за претстојниот настан.

Прилог , фото вест од подготвувањето

» Читај повеќе

Отворен Градскиот базен Атина Бојаџи

Денес на свечен начин се отвори реконструираниот градски базен Атина Бојаџи. Базенот за отворен го прогласи градоначалникот на Охрид г-дин Александар Петрески. На свеченоста присуствуваа голем број граѓани на Охрид, љубители на пливањето и спортот како и јавни личности, медиуми и гости од соседните држави.

Во прилог фото вест од отварањето

 

» Читај повеќе

Свечено отварање на Градскиот базен Атина Бојаџи

Денес со почеток во 11 часот ќе се отвори реконструираниот базен на ЈП Билјанини Извори кој ќе го носи името на Атина Бојаџи, првата жена што го преплива каналот Ла Манш. Со подршка на Локалната самоуправа градскиот базен после 9 години се става во функција на задоволство на сите љубители на пливањето, спортот и секако на сите граѓани на Охрид. Градскиот базен ќе работи од 09 до 20 часот . Школите за пливање и ватерполо ќе се одржуваат во два термини и тоа претпладне од 09 до 12 часот и попладне од 18 до 20 часот. За рекреативна употреба базенот ќе биде достапен од 12 до 18 часот.

Еднодневен влез за сите рекреативци е 60 денари.

 

»

Се е спремно за концертот на годината

Вечерва на градскиот стадион Билјанини Извори ќе одржи концерт техно атракцијата Дејвид Гета. Концертот на годината ке започне во 22 часот со предизведувачи, додека настапот на Дејвид Гета се очекува да започне околу полноќ.

»

Започна вториот пиво фест

Од вчера до недела ќе се одржи вториот охридски пиво фест. За време на четирите пивски денови ќе се одржат неколку десетици концерти.

»

Последни корекции пред отварањето на Европското првенство

Во последна фаза се подготовките на Спортската сала Билјанини Извори пред претстојното Европско првенство за жени до 20 години Б дивизија. Интензивно се работи на шминкање на Спортската сала и уредување на внатрешноста на салата. Се заменуваат столчињата, се проверува инсталацијата, се средуваат записничката маса, соблекувалните и сите службени простории. Последни проверки се прават на осветлувањето во спортската сала како и хортикултурно се уредува површината околу спортската сала.

 

»

Европски куп во параглајдерство

Денес и утре Охрид ќе е домаќин на Евроспкиот куп во параглајдерство во организација на Делта клубот од Прилеп. На купот ќе учествуваат 12 држави од Европа и Америка. Појдовната точка е од планината Галичица додека целта е во СРЦ Билјанини Извори на еден од помошните фудбалски терени.

»

Привршуваат подготовките на младинките за Европското првенство

Во тек се подготовките на Македонската женска репрезентација до 20 години за престојното Европско првенство во кошарка Б дивизија. Првенството започнува на 07. 07 2011 година а ќе заврши на 18 јули со финалниот натпревар. Натпреварите ќе се играат во следните термини : 12.00 , 14.15 , 16.30 , 19.00 , 21.15 часот.

»

Европско првенство за младинки до 20 години Б дивизија во Охрид

Денес се потпиша договор помеѓу ЈП Билјанини Извори и Кошаркарската федерација на Македонија за одржување на Европско првенство за младинки до 20 години Б дивизија.  Спортската сала Билјанини Извори ќе биде домаќин на 11 репрезентации од цела Европа од 07. 07 2011 до 18. 07 2011 година. По тој повод во просториите на јавното претпријатие се одржа прес конференција на која присуствуваа дир. на ЈП Билјанини Извори г-ѓа Гордана Јованоска, ген. сек. на КФМ г-дин Дејан Лекиќ и градоначалникот на Охрид г-дин Александар Петрески.

»

Фудбалската репрезентација на Македонија ги започна подготовките

Фудбалската репрезентација на Македонија од вчера на главниот терен на СРЦ Билјанини Извори ги започна подготовките за претстојниот натпревар со Р. Ирска кој ќе се одржи на Градскиот стадион Филип Втори во Скопје на 04 06 2011 година. ЈП Билјанини Извори се подготвуваше активно се со цел на македонските фудбалери да им се овозможат одлични услови за тренинг.

ЈП Билјанини Извори и посакува успех на македонската репрезентација на натпреварот во сабота како и на сите натпревари од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во Украина и Полска.

»

Честитка до ФК Охрид

ЈП Билјанини Извори им го честита на ФК Охрид влегувањето во првата македонска лига и им посакува понатамошни успеси во презентирањето на охридскиот фудбал. Ние како претпријатие ќе се обидеме уште повеќе да го подобриме условите за фудбалските екипи како би можеле да постигнуваат и поголеми резултати на фудбалски план.

»

ЈП Билјанини Извори домаќин на спортски игри на Фирмите од Косово

Градскиот Стадион Билјанини Извори во саботата беше домаќин на мини спортски игри на неколку компании од Косово. Гостите задоволни од условите и гостопримството најавија дека и наредната година ќе ги одржуваат игрите во Охрид на терените на ЈП Билјанини Извори.

»

Спортски синдикални игри на ПД ЕД Југоисток - Ниш

Денес и утре Спортската сала Билјанини Извори е домаќин на петтите спортски средби на вработените во ПД ЕД Југоисток - Ниш. Во овие два дена ќе се одиграат многу натпревари во фудбал, кошарка, одбојка, шах, пинг понг, стрелаштво и риболов.

Им посакуваме многу успех и добар провод на нашите пријатели од Србија и се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

»

Младинскиот фудбалски куп на градски стадион Билјанини Извори

Охрид и ЈП Билјанини Извори ќе се домаќини на финалето на фудбалскиот младински куп помеѓу Ренова и Пелистер. Финалниот натпревар ќе се одигра на 20 мај на градскиот стадион Билјанини Извори со почеток во 16.30 минути.

ЈП Билјанини Извори им посакува успех и пред се фер плеј на двете финални екипи.

 

»

Официјален почеток на кампањата за Посреќно детство

            Официјалниот почеток на  кампањата За посреќно детство во организација на Црвен Крст Охрид е во соработка и подршка од ЈП Билјанини Извори и Спортската обложувалница Премиер и ќе започне на 13. 05 2011 година ( петок ) во 20 часот во Спортската сала на ЈП Билјанини Извори.

            Со одржување на ракометен натпревар на женските ракометарки ( ветерани ), кои своевремено играле ракомет во охридските ракометни клубови и со настапот на естрадните звезди Ѓоко Танески и Денис Мурат симболично ќе започне кампањата.

            Ги покануваме нашите хумани сограѓани да дојдат и учествуваат во оваа манифестација и воедно со своето присуство допринесат за полесен живот на повеќе ранливи категории на луѓе од Охрид и Дебарца.

»

Отворена првата вештачка карпа во Охрид

Мултифункционалноста на Спортската Сала Билјанини Извори уште повеќе се надогради со поставуањето на првата Вештачка карпа за обука на алпинисти и спасители на планини во Охрид. Таа е сместена во Малата сала и е направена по сите стандарди кои ги пропишува овој спорт. Нејзиното поставување го овозможија Црвен Крст на град Охрид, Спасувачкиот тим на Црвен Крст и Алпинистички клуб Патагонија од Охрид.

ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите субјекти заслужни за поставувањето на Вештачката карпа и им посакува успешна работа во афирмирањето на Вештачката карпа и едуцирањето на сите алпинисти и спасители на планини во Охрид.

Прилог - фотографии од Вештачката карпа

» Читај повеќе

Олимпискиот базен подготвен за реновирање

ЈП Билјанини Извори во голема акција, прва после 10 години, го исчисти олимпискиот базен и го подготви за натамошно реновирање се со цел негово пуштање во употреба.

Во прилог фото вест од целата акција

» Читај повеќе

Доделување на наградите низ фотографии

     

»

Христос Воскресе

ЈП Билјанини Извори им го честита големиот христијански празник Велигден на сите припадници на православната и католичката вера. Им посакуваме на сите христијани многу здравје, толеранција, разбирање и почит меѓу себе.

Христос Воскресе - Навистина Воскресе

»

Вис Пој победник на Велигденскиот турнир во мал фудбал

После 16 фудбалски денови вчера со големото финале помеѓу екипите на Вис Пој и Бекче заврши Велигденскиот турнир во мал фудбал. 24 екипи, 10000 посетители, презентации на фудбалот за жени и деца, награди за публика, многу помагатели беа одликите на третиот по ред Велигденски турнир во мал фудбал. Во големото финале екипата на Вис пој победи со резултат 6 - 1 , што воедно претставува најефикасно финале во досегашната историја на турнирот. За третото место играа екипите на Ликвид и дисконт Царовски. Битолската екипа Царовски го освои третото место после подоброто изведување на пенали.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Мишко Ѓорѓиевски од екипата на Вис Пој, за најдобар голман беше прогласен голманот на „Дисконт Царовски“ , Петровски. Најдобар стрелец беше Артим Шаќири од екипата на Бекче, а наградата за најферплеј екипа ја понесе „ГП Ремис“.

ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите помагатели и подржувачи на турнирот, на сите екипи учесници, на многубројната публика, на медиумските подржувачи.

Се гледаме на 4 -то издание на Велигденскиот турнир во мал фудбал

 

Во прилог Фото вест од финалето

» Читај повеќе

Познати полуфиналистите

1/2 Финале

Среда 20.04.2011  год

20:00 Дисконт Царовски - Вис Пој

21:00 Бекче - Ликвид


1/4 финале

Дисконт Царовски - Жито Леб 2-2 (Пенали 4-3)

Вис Пој - Џале Tурс 4-2

Ремис - Бекче 2-2 ( Пенали 2-3)

Бел Мерцедес - Ликвид 1-5

Прилог фото вест

» Читај повеќе

Потешко од очекуваното за фаворитите

Резултати

 

20:00 Џале Турс - Пердул Рача 2-2 (Пенали 4-3)  (3)

21:00 Бел Мерцедес - Инбокс 3-3 (пенали 4-2)  (7)

22:00 Ликвид - Емпорио 2-0 (6)

 

1/4 финале

Понеделник 18.04.2011 год.

19:00 ч. Дисконт Царовски - Жито Леб

20:00 ч. Вис Пој - Џале Tурс

21:00 ч. Ремис - Бекче

22:00 ч. Бел Мерцедес - Ликвид

 

1/2 Финале

Среда 20.04.2011 год.

20:00 ч. 1/4 - 2/3

21:00 ч. 5/8 - 6/7

Финале

Четврток 21.04.2011 год.

»

Фаворитите сигурни

Вчерашни натпревари


21:00 Дисконт Царовски - Џезо Комерц 10-2(1)

22:00 Вис Пој - Сатеска 3-1 (2)

 

Денешни натпревари


20:00 Џале Турс - Пердул Рача  (3)

21:00 Бел Мерцедес - Инбокс  (7)

22:00 Ликвид - Емпорио  (6)

 

»

Првакот од минатата година елиминиран

Екстра возбудливи првите три осминафинални натпревари. Во најинтересниот натпревар минатогодишниот првак Спарадајз изгуби од првакот во 2008 година екипата на Жито леб - Скопско

Двојки 1/8 финале:

Петок 15.04.2011 год.

20:00 Ремис - Фаворит  4-1  (5)

21:00 Спарадајз Маеми - Жито Леб 1-2 (4)

22:00 Бекче - Ротари Клуб 3-2 (8)

Сабота 16.04.2011 год.

21:00 Дисконт Царовски - Џезо Комерц (1)

22:00 Вис Пој - Сатеска (2)

Недела 17.04.2011 год.

20:00 Џале Турс - Пердул Рача  (3)

21:00 Бел Мерцедес - Инбокс  (7)

22:00 Ликвид - Емпорио  (6)

 

1/4 финале

Понеделник 18.04.2011 год.

19:00 ч. (1) - Жито Леб

20:00 ч. (2)-(3)

21:00 ч. Ремис - Бекче

22:00 ч. (6)- (7)

 

1/2 Финале

Среда 20.04.2011 год.

20:00 ч. 1/4 - 2/3

21:00 ч. 5/8 - 6/7

Финале

Четврток 21.04.2011 год.

 

Листа на стрелци:

1. Ристе Јосифоски (Ремис) 8

2. Артим Шаќири (Бекче) 7

3. Дејан Милошески (Ремис) 4

4. Христијан Димоски (Ликвид) 4

5. Митко Стојаноски (Бел Мерцедес) 4

»

Познати осминафиналните натпревари

Извлечени двојките за 1/8 финалето на Велигденскиот турнир во мал фудбал  “Охрид 2011“.

 

Двојки 1/8 финале:

Петок 15.04.2011 год.

20:00 Ремис - Фаворит  (5)

21:00 Спарадајз Маеми - Жито Леб  (4)

22:00 Бекче - Ротари Клуб (8)

Сабота 16.04.2011 год.

21:00 Дисконт Царовски - Џезо Комерц (1)

22:00 Вис Пој - Сатеска (2)

Недела 17.04.2011 год.

20:00 Џале Турс - Пердул Рача  (3)

21:00 Бел Мерцедес - Инбокс  (7)

22:00 Ликвид - Емпорио  (6)

 

1/4 финале

Понеделник 18.04.2011 год.

19:00 ч. 1-4

20:00 ч. 2-3

21:00 ч. 5-8

22:00 ч. 6-7

 

1/2 Финале

Среда 20.04.2011 год.

20:00 ч. 1/4 - 2/3

21:00 ч. 5/8 - 6/7

Финале

Четврток 21.04.2011 год.

Прилог фото вест од ждрепката

» Читај повеќе

Завршија натпреварите по групи

Вчерашни натпревари(среда) 13.04.2011 год.

19:00 Имобиларе - Фаворит 0-2

20:00 Жито Леб - Премиер 1-0

21:00 Дисконт Царовски - Бел Мерцедес 3-0

22:0 Шкор Експрес - Бекче 3-4

Напомена: Извлекувањето на 1/8 финалните двојки ќе се изврши во четврток со почеток во  20 ч. во спорт кафето “Офсајд“.

Екипи кои се пласираа во 1/8 финалето:

Група А

1.Спарадајз Маеми

2. Џале Турс

3. Емпорио

Група Б

1.Вис Пој

2. Пердул

Група В

1. Ликвид

2. Ротари Клуб

3. Сатеска

Група Г

1. Ремис

2. Инбокс

3. Џезо КОмерц

Група Д

1. Дисконт Царовски

2. Бел Мерцедес

3. Фаворит

Група Ѓ

1. Бекче

2. Жито Леб

»

Последен ден од натпреварите по групи

Денешни натпревари (среда) 13.04.2011 год.

19:00 Имобиларе - Фаворит

20:00 Жито Леб - Премиер

21:00 Дисконт Царовски - Бел Мерцедес

22:0 Шкор Експрес - Бекче

Напомена: Извлекувањето на 1/8 финалните двојки ќе се изврши во четврток со почеток во  20 ч. во спорт кафето “Офсајд“.

 

Вчерашни натпревари (вторник) 12.04.2011 год.

19:00 Сатеска - Ричи 2-1

20:00 Ремис - Митан Пром 3-1

21:00 Ликвид - Ротари Клуб 2-1

22:00 Инбокс - Џезо Комерц 4-2

Табела В група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 up (2) Ликвид 3 2 1 0 7:3 7
2 down (1) Ротари Клуб 3 2 0 1 11:7 6
3 same (3) Сатеска. 3 1 1 1 5:7 4
4 same (4) Ричи 3 0 0 3 5:11 0

Табела Г Група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Ремис 3 3 0 0 15:6 9
2 same (2) Инбокс 3 2 0 1 9:7 6
3 same (3) Џезо Комерц 3 1 0 2 8:13 3
4 same (4) Митан Пром 3 0 0 3 3:9 0
»

Започна третото коло

Денешни натпревари (Вторник) 12.04.2011 год.

19:00 Сатеска - Ричи

20:00 Ремис - Митан Пром

21:00 Ликвид - Ротари Клуб

22:00 Инбокс - Џезо Комерц

 

Вчерашни натпревари (понеделник) 11.04.2011 год.

19:00 Џале Турс - Емпорио 2-0

20:00 Вис Пој - Пердул ( Рача) 2-1

21:00 Спарадајз Маеми - Бокоп Боровец 5-2

22:00 Уни Дент - Хаџеѓан 2-2

Табела А група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Спарадајз- Маеми 3 3 0 0 11:2 9
2 up (3) Џале Турс 3 2 0 1 6:5 6
3 down (2) Емпорио 3 1 0 2 3:5 3
4 same (4) Бокоп Б. 3 0 0 3 4:12 0

Табела Б група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Вис Пој 3 3 0 0 8:5 9
2 same (2) Пердул (Рача) 3 1 1 1 7:6 4
3 same (3) Хаџеѓан 3 0 2 1 8:9 2
4 same (4) Уни Дент 3 0 1 2 4:7 1
» Читај повеќе

Со денешните натпревари започнува последното коло по групи

Денешни натпревари (понеделник) 11.04.2011 год.

19:00 Џале Турс - Емпорио

20:00 Спарадајз Маеми - Бокоп Боровец

21:00 Вис Пој - Пердул ( Рача)

22:00 Уни Дент - Хаџеѓан

 

Вчерашни натпревари (недела) 10.04.2011 год.

19:00 Жито Леб - Шкор Експрес 3-0

20:00 Бекче - Премиер 1-0

21:00 Дисконт Царовски - Имобиларе 6-1

22:00 Фаворит - Бел Мерцедес 1-1

Табела Д група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Дисконт Царовски 2 2 0 0 7:1 6
2 same (2) Бел Мерцедес 2 1 1 0 11:1 4
3 same (3) Фаворит 2 0 1 1 1:2 1
4 same (4) Имобиларе 2 0 0 2 1:16 0

 Табела Ѓ група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Бекче 2 2 0 0 4:2 6
2 same (2) Жито Леб 2 1 0 1 5:3 3
3 same (3) Премиер 2 0 1 1 1:2 1
4 same (4) Шкор Експрес 2 0 1 1 1:4 1
»

Очекувани резултати

Вчерашни натпревари (сабота) 09.04,2011 год.

19:00 Ремис - Инбокс 4-2

20:00 Џезо Комерц - Митан Пром 3-1

21:00 Ликвид - Сатеска 1-1

22:00 Ричи - Ротари Клуб 3-5

Табела В група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Ротари Клуб 2 2 0 0 10:5 6
2 same (2) Ликвид 2 1 1 0 5:2 4
3 same (3) Сатеска. 2 0 1 1 3:6 1
4 same (4) Ричи 2 0 0 2 4:9 0

Табела Г група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Ремис 2 2 0 0 12:5 6
2 same (2) Џезо Комерц 2 1 0 1 6:9 3
3 same (3) Инбокс 1 0 0 1 2:4 0
4 same (4) Митан Пром 1 0 0 1 1:3 0

 

Денешни натпревари (недела) 10.04.2011 год.

19:00 Жито Леб - Шкор Експрес

20:00 Бекче - Премиер

21:00 Дисконт Царовски - Имобиларе

22:00 Фаворит - Бел Мерцедес

»

Започна второто коло

Вчерашни натпревари (петок) 08.04.2011 год.

19:00 Вис Пој - Уни Дент  3-2

20:00 Хаџеѓан - Пердул (Рача) 4-4

21:00 Спарадајз Маеми - Џале Турс 4-0

22:00 Емпорио - Бокоп Боровец 3-1

Табела А група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Спарадајз- Маеми 2 2 0 0 6:0 6
2 same (2) Емпорио 2 1 0 1 3:3 3
3 same (3) Џале Турс 2 1 0 1 4:5 3
4 same (4) Бокоп Б. 2 0 0 2 2:7 0

Табела Б група

 

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Вис Пој 2 2 0 0 6:4 6
2 same (2) Пердул (Рача) 2 1 1 0 6:4 4
3 same (3) Хаџеѓан 2 0 1 1 6:7 1
4 same (4) Уни Дент 2 0 0 2 2:5 0
» Читај повеќе

Трет ден на Велигденскиот турнир

Вчерашни натпревари (четврток) 07.04.2011 год.

20:00 Имобиларе - Бел Мерцедес 0-10

21:00 Жито Леб - Бекче 2-3

22:00 Шкор Експрес - Премиер 1-1

23:00 Дисконт Царовски - Фаворит 1-0

Табела Д група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Бел Мерцедос 1 1 0 0 10:0 3
2 same (2) Дисконт Царовски 1 1 0 0 1:0 3
3 same (3) Фаворит 1 0 0 1 0:1 0
4 same (4) Имобиларе 1 0 0 1 0:10 0

Табела Ѓ група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Бекче 1 1 0 0 3:2 3
2 same (2) Премиер 1 0 1 0 1:1 1
- same (2) Шкор Експрес 1 0 1 0 1:1 1
4 same (4) Жито Леб 1 0 0 1 2:3 0
» Читај повеќе

Велигденски турнир во мал фудбал Охрид 2011

И вториот ден во знак на фаворитите

Вчерашни натпревари (среда)  06.04.2011 г.

19:00  Ликвид - Бутик Ричи 4-1

20:00  Сатеска - Ротари Клуб 2-5

21:00  Ремис - Џезо Комерц 8-3

22:00  Инбокс - Митан Пром 3-1

Табела В група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Ротари Клуб 1 1 0 0 5:2 3
2 same (2) Ликвид 1 1 0 0 4:1 3
3 same (3) Сатеска. 1 0 0 1 2:5 0
4 same (4) Ричи 1 0 0 1 1:4 0

Табела Г група

Rank   Team Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same (1) Ремис 1 1 0 0 8:3 3
2 same (2) Инбокс 1 1 0 0 3:1 3
3 same (3) Митан Пром 1 0 0 1 1:3 0
4 same (4) Џезо Комерц 1 0 0 1 3:8 0
» Читај повеќе

Фаворитите сигурни

Натпреварите на првиот ден од Велигденскиот турнир во мал фудбал завршија во знакот на фаворитите.

А Група
Спарадајз Маеми - Емпорио 2-0
Џале Турс - Бокоп Боровец 4-1

Табела
1. Џале Турс 3
2. Спарадајс Маеми 3
3. Емпорио 0
4 Бокоп Боровец 0

Б Група
Вис Пој - Хаџеѓан 3-2
Уни Дент - Пердул Рача 0-2

Табела
1. Пердул Рача 3
2. Вис Пој  3
3. Хаџеѓан  0
4. Уни Дент   0

 

Денешни натпревари (среда)  06.04.2011 г.

19:00  Ликвид - Бутик Ричи

20:00  Сатеска - Ротари Клуб

21:00  Ремис - Џезо Комерц

22:00  Инбокс - Митан Пром

Во прилог фото вест

» Читај повеќе

Познати групите и редоследот за натпревари на Велигденскиот турнир во мал фудбал

Група А 

Спарадајз 

Џале Турс

Емпорио

Бокоп Боровец

Група Б

Вис Пој

Уни Дент

Хаџеѓан

Пердул

Група В

Ликвид

Сатеска

Бутик Ричи

Ротари Клуб

Група Г

Ремис

Инбокс

Џезо Комерц

Митан Пром

Група Д

Дисконт Царовски

Имобиларе

Обложувалница Фаворит

Бел Мерцедес

Група Ѓ

Екстра Скопско

Шкор Експрес

Бекче

Обложувалница Премиер

Денешни натпревари (вторник)  05.04.2011 г.

19:00  Спарадајз - Емпорио

20:00  Џале Турс - Бокоп Боровец

21:00  Вис Пој - Хаџеѓан

22:00  Уни Дент - Пердул

 

»

Редовни активности на главниот терен

Викендов на главниот терен на Билјанини Извори се извршија неколку редовни активности за подобрување на самиот терен. После аерофикација            ( ваѓање на чепови ) се истури 600 литри органско ѓубриво и 200 килограми на трева, за да на крај чеповите се разбијат. ЈП Билјанини Извори со голема сериозност приоѓа кон одржувањето на фудбалските терени особено на главниот терен, како би им овозможиле на нашите фудбалски клубови одлични услови за натпреварување.

Во прилог фото вест

» Читај повеќе

Ден на Дрвото по седми пат

Како и на изминатите акции Ден на Дрвото и денес ЈП Билјанини Извори активно се вклучи со активности кои го одбележуваат проектот Ден на Дрво. Денешните активности беа насочени кон чистењето на кругот и зелените површини со кои стопанисува претпријатието. Убавото време дополнително ни дозволи акцијата да ја збогатиме и со редовното годишно обележување на отвореното кошаркарско игралиште. Подржувајќи ја оваа племенита акција ЈП Билјанини Извори и во иднина редовно ќе се вклучи и ќе дава допринос кон успешноста на истата.

Во прилог фото фест од Денот на Дрвото

» Читај повеќе

Официјален постер на Турнирот во мал фудбал

»

Велигденски турнир во мал фудбал Охрид 2011

Традиционално секоја година пред големиот христијански празник Велигден ЈП Билјанини Извори организира Турнир во мал фудбал.  Од денес до 04. 04 2011 год. е периодот за пријавување на екипите додека турнирот официјално ќе започне на 05. 04 2011 година. Пријавувањето е во просториите на ЈП Билјанини Извори во спортската сала Билјанини Извори. За информации поврзани околу турнирот ги упатуваме сите заинтересирани да се обратат на следниот телефонски број 078/261-164

» Читај повеќе

Продолжува соработката помеѓу ЈП Билјанини Извори и АФМ

АК Охрид и ЈП Билјанини извори од страна на Атлетска федерација на Македонија денес добија на користење атлетска опрема за дисциплината скок во височина.

» Читај повеќе

Македонија - Данска на Билјанини Извори

Репрезентацијата на Македонија во фудбал до 19 години изигра пријателски натпревар со соодветната репрезентација на Данска, Резултатот заврши мирољубиво без постигнат гол. Натпреварот е продолжеток на серија контролни натпревари кои ќе ги игра Македонија на Градскиот стадион Билјанини Извори во очи на квалификациите за европското првенство кое ќе се одржи наредната година.

» Читај повеќе

Успешна презентација на ЈП Билјанини Извори

Од 24 до 27 февруари се одржа традиционалниот Саем за туризам во Белград , на кој ние како претпријатие за прв пат учестувавме. За време на Саемот одржавме неколку презентации и состаноци како и организиравме неколку посети на спортски институции, се со цел да ги претставиме нашите услови и понуда за спортските клубови, школи и федерации.  Од особено значење за нас беа посетите на неколку спортски центри при што разменивме искуство за нашето работење. Оваа успешна презентација на ЈП Билјанини Извори во иднина сме убедени дека ќе подотвори врата за посериозен развој на спортскиот туризам на Охрид.

Посебно имаме чест да ги напомениме работните средби со Аника Жирош ( пратеник  ), Ивица Краљ, Драган Николиќ ( тренер на КК Раднички ), Жарко Бацковиќ ( дир,. на СЦ Пионир ), Марина Маљковиќ ( тренер на ЖКК Партизан ).

Во прилог имате фото вест од Саемот во Белград

 

» Читај повеќе

Саем за туризам и спорт

Од утре до недела ќе се одржи Саемот за туризам и спорт во Белград , Р. Србија. ЈП Билјанини Извори за прв пат ќе учествува со свој претставник             ( Зоран Стевоски ), при што за таа пригода се изготвени брошури, календари и флаери кои ќе бидат изложени на штандот на Локалната самоуправа Охрид. За време на Саемот се закажани неколку средби и презентации пред спортските клубови и федерации на Р. Србија со што се надеваме дека во иднина уште повеќе ќе го подигнеме интересот на спортската јавност на северниот сосед за Охрид и Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори.

»

Започна општинската фудбалска лига за основните школи

Со натпреварите кои се одиграа денес започна Општиската фудбалска лига за основните школи во организација на Сојузот за училишен спорт потпомогнато од Општина Охрид.

» Читај повеќе

Фудбалските зимски припреми започнаа

Со првиот тренинг на ФК Јавор од Ивањица Република Србија, на градскиот стадион Билјанини Извори започнаа зимските припреми на фудбалските екипи. Како и секоја година така и оваа година ЈП Билјанини Извори спремни го дочекаа почетокот на припремите. Во наредните денови, недели градскиот стадион ќе биде домаќин на десетина екипи од соседството и десетина екипи од Македонија.

» Читај повеќе

Се продлабочува соработката помеѓу ЈП Билјанини Извори и Холандскиот олимписки комитет

На 13 јануари во посета на ЈП Билјанини Извори беа преставниците на Холандскиот Олимписки Комитет и Холандската Амбасада во Македонија кои сакаа на лице место да се запознаат со спортската инфраструктурата во Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори.

 

» Читај повеќе

Успешна кампањата " Засади дрво биди шампион "

По повод Денот на дрвото, ЈП Билјанини Извори организираше кампања Засади дрво биди шампион со што активно се вклучи во есенската акција која заврши денеска со посадување на 7 милиони дрва. ЈП Билјанини Извори во рамките на акцијата потпомогната од спортските клубови , здруженија на граѓани  и организации, засади во рамките на СРЦ Билјанини Извори 3000 дрвца. Првото дрво го засади градоначалникот на Охрид г-дин Александар Петрески со што симболично го започна Денот на дрвото, ден кој за Спортскиот центар значеше почеток на холтикултурно уредување после 30 години.

» Читај повеќе

Ден на дрвото

Под мотото,, Засади дрво биди шампион” , ЈП „Билјанини извори“ –  Охрид подржано од спортските клубови и спортистите од Охрид во петок 19-ти Ноември ќе се вклучат во акцијата ,, Денот на дрвото”  .

 
 
» Читај повеќе

Акција за чистење на каналите

ЈП Билјанини извори започна со акција за чистење на каналите во Спортско Рекреативниот центар Билјанини Извори.

» Читај повеќе

Спортската сала спремна за почеток на кошаркарското првенство

По измените што ги направи Светската кошаркарска федерација што се однесуваат на кошаркарското игралиште, ЈП Билјанини Извори ги превзеде сите активности за да се имплементираат истите.

» Читај повеќе

Заврши бусен акцијата

Во неделата што помина ЈП Билјанини Извори спроведе акција за замена на стар со нов бусен на местата каде фудбалското игралиште на Градски стадион беше оштетено, Вкупно 250 м2 нов бусен се замени што претставува активност која подолго време не беше направена на фудбалското игралиште.

» Читај повеќе

Синдикални спортски игри на Царинската управа

Денсес и утре се одржуваат Синдикалните спортски игри на Царинската управа на Р. Македонија. Во овие два дена царинските синдикалци ќе се натпреваруваат во неколку спортови и тоа : мал фудбал, кошарка, одбојка и рекреативното спортско натпреварување,влечење на јаже.

Синдикалните спортски игри се одржуваат во Спортката сала Билјанини Извори трета година по ред

.

» Читај повеќе

Акција за поставување на нов бусен

  Започна акцијата за замена на стар со нов бусен. Јавното Претпријатие во наредниот период на местата каде што има потреба за поставување на нов бусен ќе изврши замена така што во голем дел ќе се санира фудбалското игралиште.

 

» Читај повеќе

Поставена најмодерната атлетска патека во Македонија

Со обележувањето на атлетската патека заврши проектот вреден 500.000,00 евра кој го подржаа Светската атлетска федерација, Европскиот олимписки комитет, Атлетската федерација на Македонија и Агенцијата за Млади и спорт.

» Читај повеќе

Избрани најдобрите на турнирот Охрид 2010

Покрај наградите за најдобрите екипи,доделени беа и индивидуалните награди на фудбалскиот турнир Охрид 2010. За посебни заслуги за развој на македонскиот женски фудбал доби проф. Катерина Стојаноска, единствената девојка тренер на турнирот.

» Читај повеќе

Спарадајз е победник на турнирот “Охрид 2010“

Екипата на Спарадајз е победник на турнирот во мал фудбал Охрид 2010. Спарадајз во финалето со 5-4 на пенали го совлада минатогодишниот вицепрвак Вис Пој. Регуларниот дел од натпреварот и продолженијата завршија 1-1.

» Читај повеќе

Извлечени двојките за осминафиналето

Познати се двојките за 1/8 финалето на турнирот Охрид 2010. Натпреварите од 1/8 финалето ќе се играат во четврток и петок, додека четвртфиналните натпревари се играат сабота и недела.

» Читај повеќе

Традиционален турнир во мал фудбал "Охрид 2010"

Од 16 до 31 март, бубамарата ќе се тркала во охридската спортска арена “Билјанини Извори. ЈП „Билјанини извори“ во склоп на своите активности ќе организира турнир во мал фудбал, „Охрид 2010“.

» Читај повеќе
 

Февруари 2012
ПВСЧПСН
  1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29